Црна хроника
Вкупно шест дуќани опожарени ноќеска на Бит Пазар
Вкупно шест дуќани со површина од околу 120 метри квадратни биле зафатени со пожарот што ноќеска, пет минути по полноќ, изби на скопски Бит Пазар.
Станува збор за дуќани лоцирани на улицата „Никола Мартиновски“. Интервенирале 35 пожарникари со вкупно 14 противпожарни возила.
„Не е дозволено проширување на пожарот ниту лево, ниту десно. Како го затекнавме, така го изгаснавме. Пожарот беше во поголем обем, веќе избиен на кровот. Повредени пожарникари и граѓани нема“, вели Благоја Менковски, командир на скопската протипожарна бригада, во изјава за „Макфакс“. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.