Црна хроника
Запленети 4,5 килограми хероин сокриен во акумулатор и бандажи од „голф“
Царинските службеници во саботата вечерта после полноќ на граничниот премин „Богородица“заплениле 4,5 килограми хероин скриен во акумулатор и во бандажи од автомобил „голф“, соопшти МВР.
При продажба на мало хероинот би достигнал цена од 500.000 евра.
Четириесет и петгодишен скопјанец кој во „голфот“ бил со уште две други лица требало да го пренесе хероинот од Турција во Косово.
Според сознанијата на полицијата, скопјанецот на почетокот на годинава во Косово се сретнал со косовец кој му исплатил 1070 евра за да транспортира три килограми хероин од Турција до Косово.
Пред пет дена скопјанецот изнајмил автомобил и заминал во Турција каде се сретнал со Косовецот и со уште еден Турчин. Тие изработиле специјален бункер во автомобилот и скопјанецот со дрогата во „голфот“ заминал преку Македонија да го пренесе во Косово.
Но бил запрен од цариниците кои ја откриел дрогата. Во внатрешниот дел од акумулаторот била пронајдена една кеса обвиткана со алуминиумска фолија и самолеплива трака во која биле сокриени 330 грама хероин.
Остатокот од хероинот бил откриен во внатрешноста на четирите бандажи на тркалата во специјално направени прегради, бункери. Таму имало околу 4.685 грама хероин.
Шверцерот на дрогата е приведен, против него е поднесена кривична пријава и одреден му е 30 дневен притвор./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.