Црна хроника
Елвис Бајрам нападнал член на изборната комисија во Шуто оризари
Градоначалникот на општина Шуто Оризари, Елвис Бајрам син на актуелниот пратеник Амди Бајрам го нападнал потпретседателот на изборната комисија во општината.
Според Неждет Мустафа од Обединетата партија за еманципација на Ромите, Бајрам го нападнал членот на Комисијата, му нанел телесни повреди и човекот бил пренесен во болница.
Од СВР Скопје велат дека во понеделник попладне добиле телефонска пријава дека градоначалникот на Шуто Оризари нападнал одредено лице, излегле на лице место и на лицето коешто го пријваило инцидентот му посочиле да го пријави случајот во полициска станица.
Мустафа, пак, тврди дека случајот бил пријавен во полиција и најавува прес конференција за во 14.30 часот./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата повредени
Синоќа, на булеварот Партизански одреди во Скопје, мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Е. П. (27) од Скопје, удрил во пешакот Н. Ѓ. (30) од с. Рашче, Скопско.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, а мотоциклистот добил телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.