Црна хроника
На Нинџа ќе му се суди за напад врз клучниот сведок во Детонатор
Почнува судењето против скопјанецот Александар Василевски – Нинџа за напад врз клучниот сведок во случајот Детонатор, Драганчо Стоименов-Дацо.
Според обвинението, Василески заедно со Никола Митревски се договориле да го пресретнат Стоименов и да пукаат кон него.
На 2 декември Митревски му пришол на Драганчо, а од другата страна се појавил Василевски и испукал еден куршум во неговото колено и избегале. Двајацата се товарат за обид за убиство, а Митревски и за помагање.
Стоименов преживеа четири напади врз него. Дел од обвинетите во Детонатор се товарат дека два пати му подметнаа експлозивни направи во близина на неговиот автомобил, а првообвинетиот го бркал и со ловна пушка.
Нинџа се појави како сведок и во случајот Ровер во којшто му се суди на поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски за убиство на Марјан Тушевски и Киро Јанев во 2001 година. Нинџа по 12 години прв пат прозбори за овој случај и рече дека според неговите претпоставки, Бошкоски е нарачател на убиството на Тушевски./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.