Црна хроника
Трагите од „опелот“ 99,9 отсто се совпаѓаат со ДНК профилот на Алил Демири
Траги од земјата од местото на убиството биле пронајдени на автомобилот „опел омега“, а биолошките траги што биле пронајдени во автомобилот 99,9 отсто му припаѓаат на првообвинетиот за петкратното убиство кај Смилковското езеро, Алил Демири, потврдија вештаците.
Во судот во петокот беа презентирани вештачења на траги од земај од местото на убиството и земјата пронајдена на автомобилот „опел омега“, со којшто, според обвинението, дел од обвинетите избегале од местото на убиството.
Беше презентирано и вештачење на траги од биолошко потекло, ДНК пронајдена во овој автомобил, како и вештачење на оружјето со коешто било пукано.
Земјата од калниците на „опел омега“-та се совпаѓала со земјата од местото на убиството каде што се наоѓало едно од телата на убиените. Земјата на тркалата на автомобилот, не се совпаѓала со земјата од местото на настанот, бидејќи при возењето, составот на земјата се изменил.
Примерок на земјата од месноста Вражји вир, местото каде што беше најден опелот – не бил земен за вештачење.
На задното седиште на автомобилот биле пронајдени траги од пот и епителни клетки кои се совпаѓале со ДНК профилот на провообвинетиот Алил Демири.
Форензичарот Роберт Јаневски тврди дека 99,9 отсто му припаѓаат на Демири. Неговиот ДНК профил веќе бил во крим евиденцијата од 2009 година, откако бил уапсен за нелегално поседување оружје. ДНК профилот им го доставиле колегите од СВР Куманово.
При увидот биле земени траги од 50 до 60 локации на „опелот“, но само четири биле погодни за испитување.
Според балистичарот Неџад Муриќ, во жртвите било пукано со автоматски пушки и со пиштол ткн „долга деветка“. На местото на убиството биле подигнати 13 чаури од пушка и осум чаури од пиштол. Но проектилите кои биле најдени во телата на жртвите не биле вештачени.
Според обвинението, Агим Исмаиловиќ ја зел „опел омега“-та од паркинг во Топаанско Поле, додека обвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, по убиството, со истиот автомобил дошле на обиколницата кај Качанички пат каде ги чекал обвинетиот Хаки Азири, го оставиле „опелот“ и се качиле во автомобилот на Азири.
Адвокатот на дел од обвинетите, Насер Рауфи ги негираше сите овие факти. Судењето го следеа и роднини на жртвите и роднини на обвинетите.
Судскиот процес за грозоморното убиство коешто ја потресе цела земја почна на 20-ти декември минатата година, а на обвинителната клупа седнаа Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Рами Сејди и Хаки Азири. Судењето се снима визуелно и тонски со две камери. На другите двајца обвинети, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се во бегство,им се суди во отсуство.
Во убиството коешто се случи на 12-ти април без причина беа убиени матурантите Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефковски./крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.