Црна хроника
Сенегалци, Пакистанци, Малијци, Авганистанци се шверцуваат преку Македонија
Министерството за внатрешни работи информираше во неделата за разоткриени два случаи на илегално влегување во Македонија не групи мигранти од земјите од Блискиот исток и Африка кои имаат цел да се префрлат во земјите од западна Европа
Во петокот, околу 03 часот, на улицата „Климент Охридски“, во непосредна близина на бензинска пумпа на „Металопромет“ во Струмица, од страна на полициски службеници од Мобилна единица за прекуграничен криминал Скопје, била извршена контрола на автомобил „опел кадет“, со кумановски регистарски таблички, кој бил управуван од 32-годишен скопјанец.
При контролата во возилото биле откриени десет странски државјани од кои седуммина државјани на Сенегал, две лица државјани на Пакистан и еден државјанин на Авганистан. Притоа било утврдено дека сите тие се со нелегален престој во Македонија и не поседувале патни документи, поради што од страна на полициските службеници од Мобиланата единица за прекуграничен криминал Скопје, биле приведени и донесени во СВР Струмица.
Од извршениот разговор со приведениот скопјанец констатирано е дека тој патувал на релација Скопје – Гевгелија – Скопје, каде од селото Богородица ги прифатил десетте странски државјани, кои требало за сума од 150 евра, да ги пренесе преку Струмица за Куманово, со што сторил кривично дело „криумчарење мигранти“ и против него е поднесена кривична пријава.
Десеттемина странски државјани, пак, се однесено во прифатниот центар на Министерството за внатрешни работи за натамошно постапување.
Покрај ова, во петокот, бил откриен уште еден случај на илегална миграција, кога на граничниот премин „Богородица“ кон Грција, околу 22,40 часот во товарен воз, односно во вагон во една од двете камионски товарни приколки, биле откриени седум државјани на Мали, кои се спречени во обид за нелегален премин на државната граница од Грција во Македонија. По извршениот разговор со странските државјани и изготвувањето на потребната документација, тие во саботата со полициска придружба им се предадени на грчките полициски власти на преминот „Евзони“. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.