Црна хроника
Полово нападнал 10-годишен роднина
Охридската полиција поднесе кривична пријава против 36-годишниот А.А. осомничен за полов напад врз 10-годишен малолетник, инаку негов роднина.
Настанот се случил ноќта меѓу 16-ти и 17-ти февруари, во една од собите во куќата каде заедно живееле пријавениот и нападнатиот малолетник.
На обидот за полов напад, му претходел удар со тупаница по грбот и употреба на физичка сила од А.А. врз малолетното лице како начин да го заплаши, да ја злоупотреби и искористи неговата немоќ да се спротивстави на таквите обиди.
Во намерата да го изврши половиот напад, А.А. бил спречен од неговиот брат кој спиел во истата просторија и го забележал однесувањето и обидот за полов напад. Тој веднаш го оттргнал малолетникот од напаѓачот по што случајот е пријавен од родител на 10 годишното дете.
А.А. е приведен од полицијата и му е одреден 30-дневен притвор. Тој и досега бил пријавуван за повеќе кривични дела. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.