Црна хроника
Кавга за тезга на пазар во Белград, пукал во колегата, а потоа се самоубил
Уличен продавач во Белград го застрелал својот колега, а потоа се самоубил, јавува „Блиц“.
Кавгата меѓу двајцата продавачи околу тезгата избувнала околу 10:30 часот, а во еден момент убиецот го извлекол револверот и пукал во колегата, а потоа отишол зад блиската продавница и си пукал во главата.
„Никој не обрнуваше внимание што прават двајцата пред продавницата. Дури не се слушна ни расправија“, појаснуваат останатите продавачи од пазарот. /крај/бл/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.