Црна хроника
Опожарени две возила во Скопје и во Штип
Ноќеска, 20-тина минути по полноќ со запалива течност бил предизвикан пожар во возило во Штип, а на ист начин било опожарено возило и во Скопје пред два дена, јави полицијата.
Во четврток околу полноќ во СВР Штип, Д.Д. (69) од Скопје телефонски пријавил дека на ул. „Широк дол”, од страна на непознат сторител било скршено прозорското стакло од неговиот „мерцедес”, по што со запалива течност предизвикал пожар, опожарувајќи ја внатрешноста на возилото.
На 19 февруари, пак, од 21 до 22.45 часот во скопското село Сарај, непознат сторител со запалива течност предизвикал пожар во „фолксваген голф”, сопственост на Е.А.(25) од село Сарај, при што истото целосно е оштетено, како и разни документи кои се наоѓале внатре.
Во двата случаи пожарот е локализиран, а се преземаат мерки за откривање на сторителите./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.