Црна хроника
Битолскиот јавен обвинител земал поткуп за одлагање кривична постапка
Битолскиот јавен обвинител земал поткуп од битолчанец на кого Управата за јавни приходи му поднела кривична пријава, соопштуваат од МВР.
Му ветувал дека ќе посредува кај негов колега во обвинителството надлежен за оваа пријава и дека ќе издејствува поблага казна или други привилегии.
Возачот вработен во обвинителството им ги организирал средбите, а за услугата зеле околу 2.000 евра разновидна стока.
Во домот на пријавениот возач се пронајдени и одземени една ловна пушка марка „Црвена застава“ и еден малокалибарски пиштол марка „Брулов“ без дозвола а при претрес во планинска куќа сопственост на Ловно друштво „Сокол“ е пронајдена и одземена е една ловна пушка марка, без дозвола.
Исто така, при извршените претреси се пронајдени и одземени и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривичните дела извршени од страна на пријавените и истите ќе бидат предмет на дополнителни проверки и анализи.
Во друг случај во Прилеп била запленета голема количина оружје и муниција, а прилепчанец е осомничен дека лани во ноември за 700 евра продал калашњиков односно автоматска пушка.
Во претрес во неговиот дом се најдени ловни пушки и карабини, малокалибарски пушки, револвери, пиштоли и делови од оружје, како и поголемо количество муниција од различен калибар. Имало и оружје со снајперски оптички нишан.
Истражен судија на тројцата им е одредена мерка притвор во траење од по 30 дена.
Кривичната пријава за недозволена трговија со оружје од страна на Истражниот судија е проширена за уште едно 38 годишно лице од Прилеп поради постоење на основано сомнение дека е инволвиран во недозволена трговија со оружје и на истиот му е одредена мерка притвор./крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Казни за 140 возачи, возеле над дозволеното
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 140 возачи.
Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 86 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 54 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.