Црна хроника
Крвава драма во Куманово – ја избодел сопругата оти сакала да го напушти
Дваесетгодишна кумановка се бори за живот во Ургентниот центар во Скопје откако во петок и биле нанесени 20 убоди со нож во градниот кош од страна на нејзиниот сопруг.
На трагичниот настан му претходела вербална расправија во четвртокот, кога 20 годишната А.Д. му соопштила на сопругот дека повеќе не може да живее со него, по што 27 годишниот М.Д. физички ја нападнал удирајќи ја со тупаници и клоци по главата и телото, по што и со нож и се заканил дека ќе ја убие ако го остави. Откако му ветила дека нема да го остави тој престанал со тепањето, по што излегол од дома, а истепаната жена се јавила кај своите родители, кои случајот го пријавиле во СВР Куманово.
Тој бил приведен во полициската станица во Куманово, а потоа бил ослободен.
Во петок утрото М.Д. отишол во куќата на родителите на неговата сопруга во населбата Доброшане, и откако влегол внатре веднаш првин физички ја нападнал неговата сопруга, задавајќи и удари со нож, при што нејзината мајка се обидела да го спречи нападот, но откако и на неа со ножот и нанел убоди на раката, таа излегла од собата за да го повика нејзиниот сопруг, а М.Д. избегал од куќата.
Повредената девојка веднаш била однесена во болница и се наоѓа во животна опасност. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.