Црна хроника
Доживотен затвор за гостиварскиот полицаец Трифуновски за убиството на две албански момчиња
Гостиварскиот Основен суд во петокот пресудил казна доживотен затвор за поранешниот полицаец Јаким Трифуновски кој минатата година застрела две момчиња во Гостивар, Бесник Шехапи и Имран Мехмеди.
Во образложението на пресудата, претседателот на Кривичниот совет, Бранко Секулоски го прогласи Трифуновски за виновен за убиство со умисла. Според пресудата, по вербалната расправија и физичката пресметка меѓу полицаецот со сега покојните, се разделиле, а Трифуновски го зел пиштолот од автомобилот и ги застрелал.
Судијата ја зел во предвид младоста на убиените и кривичната пријава за насилство што била претходно поднесена против полицаецот.
Во текот на судскиот процес, Трифуноски се бранеше дека бил нападнат и сакал да си го заштити својот и животот на малолетната ќерка.
Убиството се случи на 28-ми февруари минатата година на паркинг во Гостивар, кога Трифуновски кој не бил на работна задача со службениот пиштол ги застрела Бесник Шехапи и Имран Мехмеди
По убиството во јавноста имаше повеќе верзии зошто се случило, дека се скарале за паркинг место и дека полицаецот пукал во самоодбрана за да ја заштити својата ќерка која беше со него.
Роднините на убиените, пак, тврдеа убиството било извршено ладнокрвно и дека полицаецот бил насилен. Трифуновски и претходно имал други кривични пријави за насилство.
Семејството на Трифуновски се наоѓа под полициска заштита надвор од Гостивар. По убиството во Гостивар беа организирани демонстрации во кои настрадаа објекти во сопственост на Македонци./крај/мф/см
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.