Црна хроника
Претепан и ограбен постар брачен пар кај Кратово
Маскиран сторител со закана со пиштол и нож извршил разбојништво, при што им одзел 150 евра на повозрасен брачен пар од кратовското село Шопско Рударе, соопшти во саботата МВР.
Насилството се случило пред два дена околу 23,30 часот над С.П. (73) и неговата сопруга Т.П. Делото е извршено на тој начин што сторителот откако влегол во куќата го турнал С.П. на кревет, нанесувајќи му телесни повреди и притоа барајќи му пари од маса земал нож и со истиот замавнувал кон С.П. заканувајќи му се дека ќе го убие. Потоа, извршил пребарување по собата, а откако С.П. му ги дал парите, сторителот му го зел мобилниот телефон и го искршил. Кога излегувал од куќата, сторителот наишол на Т.П. која слегувала од горниот кат, при што физички ја нападнал со удари со тупаници во пределот на лицето и побегнал. Увид на лице место извршила екипа од ПС-Кратово и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата повредени
Синоќа, на булеварот Партизански одреди во Скопје, мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Е. П. (27) од Скопје, удрил во пешакот Н. Ѓ. (30) од с. Рашче, Скопско.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, а мотоциклистот добил телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.