Црна хроника
Приведени државјанки на Албанија и Србија во кумановско
Кумановската полиција ноќта во саботата кон неделата спроведе контрола во објекти во околината на градот, при што приведе четири албански и две српски државјанки.
Контролата била спроведена во угостителскиот објект „Алби Леди“ во с.Ваксинце-кумановско и во еден нерегистриран угостителски објект во с.Черкези – кумановско.Од страна на СВР Куманово во тек се мерки за расчистување на случајот.Истовремено МВР соопшти дека на граничниот премин „Богородица“ во четири вагони од товарен воз, биле откриени тројца странски државјани од Брегот на Слоновата Коска, кои по извршениот разговор се депортирани на грчката полиција. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата повредени
Синоќа, на булеварот Партизански одреди во Скопје, мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Е. П. (27) од Скопје, удрил во пешакот Н. Ѓ. (30) од с. Рашче, Скопско.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, а мотоциклистот добил телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.