Црна хроника
Екс-обезбедување на СДСМ го избодело директорот на охридски „Комуналец"?!
Идентификувани се двајцата напаѓачи кои учествувале во инцидентот меѓу симпатизерите на СДСМ на конвенцијата во Куманово, во кој со нож беше избоден директорот на Јавното претпријатие „Охридски комуналец”, Сашо Алчев, пишува во средата дневниот весник Вечер, повикувајќи се на полициската истрага.
Станува збор за Зоран Т. и Јоцо А., и двајцата вработени во Министерството за внатрешни работи. Првиот, според весникот, бил поранешниот припадник на обезбедувањето на поранешната претседателка на партијата, Радмила Шеќеринска, како и на други функционери на СДСМ.
Од Министерството за внатрешни работи, потврдиле дека двете лица осомничени за нападот, во посочениот период биле на боледување, што најверојатно го користеле за учество во кампањата на СДСМ, заклучува Вечер.
Истрагата на полицијата покажала дека инцидентот започнал на самата конвенција. Во еден момент Зоран и Јоцо, кои на конвенцијата присуствувале како симпатизери на СДСМ, го однеле Алчев во канцеларијата на директорот на салата каде што се одржувала конвенцијата и го нападнале.
Како што пишува натаму скопскиот весник, двајцата осомничени за нападот врз Алчев за себе имаат работни досиеја со бројни дисциплински мерки, а Зоран во февруари добил и отказ од МВР, бидејќи заедно со Јоцо учествувал во тепачка во ноќниот бар „Аудиториум” кога нападнале ракометари на Металург. Поради инцидентот Внатрешната контрола на МВР го дала Јоцо на дисциплинска постапка и бил парично казнет и прераспределен на друго работно место.
Зоран се жалел на отказот од МВР, па со судска одлука, во јануари годинава бил вратен на работа.
Вечер повикувајќи се на полициски извори, пишува и дека по целосно документирање на случајот осомничените најверојатно ќе одговараат за убиство во обид.
Според последните информации двајцата се во бегство се уште, а полицијата интензивно трага по нив./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.