Црна хроника
Одложено судењето „Тенковските делови“ во кој му се суди на Бучковски
Судењето за случајот Армиски тенковски делови, во којшто му се суди на поранешниот премиер Владо Бучковски е одложено.
Еден од обвинетите, поранешниот началник на Генералштабот, Методија Стамболиски не дојде на судењето поради здравствени причини.
Судијката, Дијана Груевска – Илиевска го одложи судењето за 25 март. На денешното судско рочиште обвинетите требаше да дадат завршни зборови, откако обвинителството во своите завршни зборови побара затворска казна за екс- министерот за одбрана Владо Бучковски и за поранешниот началник на Генералштабот, генералот Методи Стамболиски за резервните тенковски делови.
Во случајот покрај Бучковски, обвинети се и поранешниот началник на Генералштабот, Методија Стамболиски, екс логистичарот, Нелко Менкиновски, директорот на МЗТ ФОП, Митре Петковски и поранешниот државен советник во Министерството за одбрана, Ацо Ѓурчиновски.
Поранешните први луѓе на одбраната се осомничени за злоупотреби при набавка на тенковски делови вредни повеќе од два милиона евра со набавка на четирипати повеќе од потребните резервни делови за тенковите.
Предметот беше вратен на повторно судење откако апелациониот суд ја укина пресудата на Кривичниот суд, според која на Бучковски му беше одредена затворска казна.
Судијката Груевска- Илиевска иако беше унапредена во одделот за организиран криминал, а на Бучковски му се суди во одделот за судење полнолетни лица за кривични дела, сепак останува во овој предмет./крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.