Црна хроника
Нинџа осуден на 10 месеци затвор
Александар Василевски – Нинџа и Никола Митревски – Кољо се осудени на десет, односно шест месеци затвор за напад врз Драганчо Стоименов – Дац, што се случи пред неколку месеци.
Вака одлучи судот откако исказ даде и оштетениот Стоименов. Обвинителката го преквалификува кривичното дело од обид за убиство во нанесување тешка телесна повреда и за двајцата обвинети, по тврдењето на Стоименов дека Нинџа пукал моментално со пиштолот.
Стоименов пред судот рече дека критичната ноќ Митревски и Василевски го пресретнале пред неговата зграда, а Василевски кој имал пиштол во рацете моментално пукал во него и го повредил во ногата. Поради контрадикторните тврдења, судот го соочи оштетениот со двајцата обвинети, при што и двајцата обвинети останаа на своите тврдења. Василевски тврдеше дека не бил на местото на нападот, дека вечерта бил на роденден со својата сопруга, а додека Митревски тврдеше дека Стоименов го собрал од пред Т.Ц. „Бисер” и дека сакал да му покаже снимка на којашто се гледа дека Дац тепа извесен Пановски Типе. Тој не се согласил да се качи кај него дома, му рекол снимката да ја симне доле, по што двајцата почнале да се борат и во еден момент Дац кој имал пиштол во рацете испукал еден куршум и се повредил во ногата.
Осудениот Василевски, инаку, е сведок во случајот „Ровер”, во кој што му се суди на поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски.До правосилноста на одлуката Нинџа ќе остане во притвор, додека Кољо ќе биде на слобода. /крај/ач/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.