Црна хроника
Сопственик на продавници за накит се обидел да прошверцува лажни охридски бисери
Сопственик на продавници за накит од охридски бисер во повеќе елитни хотели во Охрид и во трговскиот центар Рамстор во Скопје се обидел да прошверцува 205 парчиња од охридски бисер коишто биле лажни, фалсификат.
Цената на лажните бисери доколку би се продавале како оригинал би достигнала и до 10 илјади евра.
Царинските службеници во средата вечерта на граничниот премин Табановце за премин во Македонија го запреле автомобилот којшто го возел сопственикот на продавниците за накит.
Тој не ги пријавил бисерите и тврдел дека во автомобилот носи стаклена витрина и кукли за излог. Но при детален преглед на возилото во багажникот била откриена торба со накит од охридски бисер.
На секое парче накит била прикачена етикета со цени кои се движат во просек околу 40 евра за нараквиците и 100 евра за ѓерданите.
Сопственикот најпрвин тврдел дека наводно накитот претходно го изнел од државата за изложба во Белград, но не го пријавил на царинските органи и дека сега го враќа назад.
Кога увидел дека оваа приказна нема да помине, рекол дека накитот е обична бижутерија и затоа не го пријавил.
Во првична консултација со стручни лица, неофицијално е потврдено дека не станува збор за оригинален охридски бисер, но доколку истиот би се продавал како оригинал, цената би достигнала и до 10 илјади евра.
Накитот е одземен, а против прекршителот ќе биде поведена соодветна постапка. /крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.