Црна хроника
Запленети 334 кг раноградонарски производи
Царинските службеници во четвртокот на патниот правец граничен премин Ново Село-Струмица заплениле 334 килограми раноградинарски производи.
Извршена е контрола на комбето со регистерски таблици и во задниот товарен дел на комбето се пронајдени 334 килограми зеленчук домати, брокули, пиперки, краставици и модри патлиџани.
Возачот изјавил дека ги набавил во Бугарија и дека не поседува никаква документација дека за стоката се платени царински давачки, иако ваква стока во овој дел од годината подлежи на зголемени давачки-прелевмани.
Стоката е одземена и во итна постапка ќе биде доделена на настраданите лица од неодамнешните поплави./крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со трактор излетал од коловоз, тешко повреден маж во Виничко
Вчера, во 17 часот, во Полициската станица Виница било пријавено дека во село Трстија, Виничко, трактор „фергусон“, со штипски регистарски ознаки, управуван од 63-годишниот С. Ј. од село Нов Караорман, општина Карбинци, излетал од коловозот, извести МВР.
„Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот, констатирани во Клиничката болница во Штип“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од екипа на ОВР Виница.