Црна хроника
Приведени неколкумина учесници во инцидентот пред Влада
Неколкумина учесници во протестот што попладнето во петокот се одржа пред Владата против именувањето на министерот за одбрана, Талат Џафери и предизвикаа инциденти, се приведени, а по другите се трага, информираат од МВР.
Голем број на полициски автомобили можеше да се забележат попладнево кај Железничката станица во Скопје. Ситуацијата пред Владата ескалира откако дел од учесниците на протестот почнаа да фрлаат камења и тврди предмети кон полицајците коишто го обезбедуваа протестот.Од МВР информираат дека пет полицајци се пожалиле на повреди и тројца граѓани кои нашле на местото на инцидентот. Оштетен е автобус и неколку возила, полициски и цивилни./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.