Црна хроника
Осум приведени, десетици повредени и големи материјални штети по саботните инциденти
Осум приведени лица, 13 повредени граѓани, 13 повредени полицајци, еден повреден пожарникар, оштетени возила и објекти, е епилогот од саботните нереди по улиците на Скопје.
Насилниот протест, како што информираат од МВР, не бил пријавен во полиција, а учесниците и предизвикувачите на инцидентите се самоорганизирале преку социјалните мрежи.
Хронолошки, протестот започна во 12:00 часот кај комплексот „Чаирчанка”, по што насобраната група започна да се движи од Јајапашината џамија, преку мостот „Гоце Делчев” кон зградата на Владата. За цело време демонстрантите гласно скандираа „УЧК” и извикуваа разни пароли. Во моментот кога масата демостранти дојде пред Владата, дел од неа се обиде да го пробие полицискиот кордон, со цел да се упати кон плоштадот, на што полицијата реагираше и ја спречи натамошната ескалација. Дел од демонстрантите започнаа со фрлање на камења и тврди предмети и ги нападнаа полициските службеници. Со цел да не дојде до ескалација на инцидентите, Одделот за посебни единици употреби хемиско средство – солзавец, по што демонстрантите започнаа да се повлекуваат назад кон Старата Скопска Чаршија, а притоа ги каменуваа Музејот на Холокаустот, Музејот на ВМРО и новоизградениот Театар.
Во текот на протестот, беа регистрирани и повеќе други инциденти и физички напади во централното градско подрачје, на подрачјето кај Бит Пазар и околните улички во кои се повредени 13 граѓани на кои им е пружена медицинска помош во болниците, а четворица од нив се здобиле со тешки телесни повреди.
Во насилствата повредени се и тринаесет униформирани полициски службеници. Исто така, насилниците оштетиле осум приватни патнички моторни возила, од кои две се превртени.
Извршено е оштетување и на четири полициски возила и тоа: две „Шкода Јети”, еден „Дефендер” и едно комбе. Извршено е каменување на два автобуси сопственост на ЈСП на бул. „Никола Карев”, кај клучката „Детелинка” на Бит Пазар, бр. 61 и бр. 63 , а потоа автобусот со број 61 бил и опожарен. Заради интервенција дошле две возила на Бригадата за противпожарна заштита, кои од страна на хулиганите биле оштетени, а еден пожарникар повреден.
По завршувањето на насилните протести во 18:50 часот на автобуската постојка во с.Морани-Скопје, со камења извршено е оштетување на автобус на ЈСП, кој сообраќал на линија бр.67, при што било скршено странично стакло од левата страна.
Нешто подоцна, околу 19:20 часот во Скопје на ул „Ѓорче Петров” во близина на крстосницата со ул.„Сремски Фронт”, со фрлање камења извршено е оштетување на 3 автобуси кои се движеле во колона, а превезувале учесници и посетители на Конвенцијата за промовирање на кандидати за градоначалници и носители на избирачки листи на НДП.
Во 22:00 часот во непосредна близина на бензинската пумпа „Макпетрол” во нас.Драчево, бил каменуван автобус сопственост на ЈСП кој сообраќал на линија бр.67, при што било скршено странично стакло, а околу 22:40 часот во Скопје, на бул.„Едвард Кардељ”, спроти „Светлост” бил каменуван уште еден автобус на ЈСП, при што било искршено стакло на левата страна на автобусот. Десетина минути подоцна на ул.„Првомајска” во нас.Пинтија, бил каменуван и автобус на ЈСП кој сообраќал на линија бр.70, при што била оштетена шофершајбната.
Во врска со инцидентите, по полициската интервенција беа приведени и задржани осум лица, а врз основа на објавените снимки во медиумите и на социјалните мрежи се работи на идентификување и на останатите насилници. По целосно документирање на делата против приведените ќе биде поднесена соодветна пријава.
За претходниот петочен протест, СВР-Скопје поднесе кривична пријава до надлежното ОЈО-Скопје против 19 лица на возраст од 14 до 44 години, од кои 15 од Скопје, двајца од Битола и по еден од Штип и Прилеп, а поради основано сомнение дека сториле кривично дело „Учество во толпа што ќе изврши кривично дело”.
МВР повторно апелира граѓаните да не дозволат да бидат манипулирани и заради туѓи интереси да се инволвираат и да предизвикуваат разни инциденти.
„Полицијата ќе продолжи крајно неселективно, без никаква толеранција да ги санкционира оние што ќе ги прекршат законите”, велат од МВР. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Тетовец агресивно се однесувал со полицаец што вршел обезбедување на претседателските избори
Вчера, во 18.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ. Ј. (37) од Тетово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник што вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори.
По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.