Црна хроника
Косовската полиција потврди дека Алил Демири и Африм Исмаиловиќ се уапсени во Приштина
Косовската полиција за Макфакс потврди дека осомничените за убиството кај Смилковското езеро, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ се уапсени вечерва околу 19 часот во Приштина.
Портпаролот на Косовската полиција, Арбер Бека за Макфакс вели дека се уште се работи на конечна идентификација на Демири и Исмаиловиќ во соработка со македонските власти.Повеќе информации најавува за утре.
Министерството за внатрешни работи вечерва соопшти дека добило известување од своите колеги во Косово дека се приведени двајцата првоосомничени во случајот Монструм.
„Лицата одговарале на описот и пред полицијата се преставиле како Алил Демири и Африм Исмаиловиќ. Министерите за внатрешни работи на Македонија и на Косово веќе стапија и во директен контакт. Со оглед на фактот дека лицата не поседуваат документи за потврда на идентитетот, ќе бидат направени сите неопходни проверки, а по целосното завршување на идентификацијата, МВР ќе излезе со официјална информација во текот на утрешниот ден“ се вели во соопштението на МВР.
Алил Демири и Африм Исмаиловиќ се осомничени дека се директни извршители на петкратното убиство што се случи на 12 април кај Смилковското езеро. Македонската полиција распиша меѓународна потерница по нив.
Судскиот процес за петкратното убиство почна на 20-ти декември 2012 година, а на обвинителната клупа седнаа Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Рами Сејди и Хаки Азири. На двајцата бегалци им се суди во отсуство.
На 12 април минатата година без причина беа убиени Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и Борче Стефковски. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.