Црна хроника
Приведено лицето кое го запали автобусот на ЈСП
Вкупно 50 учесници кои учествуваа во минатонеделните протести во главниот град се идентификувани и повикани на информативен разговор во полиција, а меѓу нив се лицата кои во саботата го запалија автобусот на ЈСП и македонското знаме на ткн Пластичарската улица во Скопје , соопшти МВР.
Во разговорот во полиција лицето што го запали автобусот го признал кривичното дело, но не кажал зошто го запалил.
Против сите е поднесена кривична пријава за учество во толпа што ќе изврши кривично дело, во четвртокот 20 од нив биле изведени пред истражен судија. Неколкумина добија 30-дневен притвор, додека останатите треба редовно да се јавуваат во суд и во полиција.
Сé уште нема формална пријава за протестите кои ги организираат Македонците преку социјалните мрежи за во сабота.
„Сите групи на Фејсбук преку кои се повикува на овие протести се следат и врз основа на оперативните сознанија и информации ќе бидат преземени сите мерки и активности против оние кои би предизвикувале или би учествувале во какви и да се инциденти и нарушувања на јавниот ред и мир. МВР повторно апелира граѓаните да покажат висока свест и да не дозволат да бидат манипулирани и вовлечени во нечии сценарија, бидејќи секое незаконско однесување ќе биде најостро санкционирано“, соопштуваат од МВР.
Денешните протести поминаа мирно. Група малолетници Албанци се собраа и од Јајапашината џамија се упатија кон Владата. Но кордон на специјалци со оклопни возила кај стоковната куќа Мост ја спречи групата да оди понатаму. Дел од нив гаѓаа со камења кон полицијата, но по интервенцијата на полицијата групата се растури.
Материјална штета не е пријавена, а двајца полицајци се пожалиле на повреди. Министерството за внатрешни работи ќе ги идентификува и учесниците во овие инциденти по што ќе следуваат соодветни пријави./крај/фф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.