Црна хроника
Тетовец застрелан додека разговарал со соседот
Тетовец во саботата вечерта бил застрелан додека разговарал со неговиот сосед, соопшти МВР.
Од задниот дел на појасот извадил пиштол и испукал еден куршум кон тетовецот и пешки заминал кон тетовското Кале.
Тетовецот бил повреден во десната натколеница и се здобил со скршеница на коската во десната нога по што бил префрлен во Тетовската клиничка болница од каде поради сериозноста на повредите е пренесен на клиниките во Скопје.
Полицијата извршила увид на местото на настанот каде пронашла и подигнала една празна чаура за пиштол со калибар од девет милиметри и презема мерки за идентификување и пронаоѓање на сторителот. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.