Црна хроника
Шест тинејџери загинаа во САД во сообраќајна несреќа
Шест тинејџери ги загубија животите а уште двајца се повредени во сообраќајна несреќа во неделата во американската сојузна држава Охајо, пренесува локалната телевизија Newsnet5.
Несреќата се случила околу 7,30 часот по локално време, во градот Ворен. Теренецот „хонда” со кој се превезувале осум лица на возраст од 14 до 19 години, ја загубил контролата, ја пробил заштитната банкина и се урнал во езерото.
На местото на несреќата ангажирани се полициски екипи и нуркачи. Настраданите биле префрлени во локалната болница.
Како што пренесува телевизијата повикувајќи се на локалната полиција, причина за трагедијата најверојатно е преоптовареност на возилото. Исто така, полицијата соопшти дека ниеден од патниците во спортскиот теренец не бил врзан со безбедносниот ремен./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.