Црна хроника
Со пушка барал плата
Четириесет иедно годишниот В.А. од Виница е приведен откако го нападнал газдата на млинот „Дарио пром – Спартак” поради неисплатени плати.
Инцидентот се случил во четвртокот. В.А. дошол во објектот, лоциран на патот Виница – с.Јакимово и под дејство на алкохол со воздушна пушка почнал да го бара сопственикот Д.Р.(59) од с.Јакимово со цел да му ги исплати неисплатените плати.
Откако Г.А., која била во објектот, се обидела да му ја одземе пушката, истиот физички ја нападнал и си заминал.
По кратко време дошол Д.Р. и заедно со Г.А. се упатиле за Виница, а на патот биле пресретнати од В.А. кој со кундакот од пушка го удрил Д.Р. во пределот на главата и се дал во бегство.
На Д.Р. и Г.А. им е укажана лекарска помош во Здравствен Дом Виница, а В.А. е приведен во Полициската станица Виница за целосно расчистување на случајот. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со трактор излетал од коловоз, тешко повреден маж во Виничко
Вчера, во 17 часот, во Полициската станица Виница било пријавено дека во село Трстија, Виничко, трактор „фергусон“, со штипски регистарски ознаки, управуван од 63-годишниот С. Ј. од село Нов Караорман, општина Карбинци, излетал од коловозот, извести МВР.
„Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот, констатирани во Клиничката болница во Штип“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од екипа на ОВР Виница.