Црна хроника
Две момчиња избодени со нож
Во крвава тепачка пред економското училиште во населбата Бедиње, две момчиња се здобиле со сериозни повреди и се борат за живот.
Како што пренесе Kumanovonews, инцидентот се случил во петокот попладне кога Бејтин С.(20), Р.М.(16) и Шукри И.(22), Риад С. и Авдљазиџ Ј. започнале расправија, а потоа почнале и физички да се пресметуваат.
Еден од учесниците во тепачката извадил нож и ги нападнал Бејтин и малолетниот. Двете момчиња заработиле сериозни убодни рани по телата и биле пренесени во Ургентниот Центар во Скопје./крај/кн/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
71-годишна жена е хоспитализирана откако jа нападнале две лица
Денеска од Градската општа болница „8. Септември“ било пријавено дека кај нив за укажување лекарска помош дошла 71-годишна жена од Скопје.
Според пријавеното во МВР, таа се здобила со повреди вчера околу 20.30 часот при физички напад од лицата Ф.Г. и М.Н..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена нападната од сопругот во Ѓорче Петров
Триесет и четиригодишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од нејзиниот сопруг М.П.(28) од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Дете нападнато од неколку соученици во Скопско
Малолетно момче вчера на пладне било нападнато од неколку соученици во Булачани, Скопско.
Случајот во полицијата го пријавил таткото на детето.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.