Црна хроника
Тепачка во автобус „50-ка", повеќе повредени
Во петокот во автобус на ЈСП со број „50″ дошло до масовна тепачка, при што повеќемина се здобиле со повреди, соопшти полицијата.
Имено, околу 13.45 часот во Скопје на ул. „Васил Аџиларски”, во, петокот, во автобус на ЈСП бр.50, на автобуската постојка од страна на пет непознати лица физички биле нападнати О.Џ.(17), Б.Ф.(16), О.Д.(16), Н.Н.(17), А.М.(17), С.Ф.(16) и С.Е.(17), сите од Скопје, ученици во Средно медицинско училиште, удирајќи ги со клоци и тупаници во пределот на главите и телата.
Од физичкиот напад лицата се здобиле со видливи повреди-црвенила и отоци во пределот на главите.
Три од лицата можни сторители се повикани на разговор во полициска станица, по целосно документирање на настанот против сторителите ќе биде поднесен соодветен поднесок./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Крадел во викенд куќа во Берово: уапсен 36-годишен маж
Вчера во 18.40 часот во викенд куќа на ул „Туристичка“ во Берово, полициски службеници од Полициската станица Берово го лишиле од слобода Б.Ч.(36) од Берово.
Тој бил затекнат при извршување на кривично дело „тешка кражба“ од викенд куќата, од каде одзел повеќе предмети.
Бил задржан во полициска станица и во службен разговор признал уште едно кривично дело „тешка кражба“ од друга викенд куќа.
Дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани. По комплетирање на случаите, против Б.Ч. ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Двајца уапсени, пукале пред кафеана во Охрид
Денеска, во 00.15 часот, пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа 67-годишниот К. Б. и 37-годишниот М. П., двајцата од Охрид, извести СВР Охрид.
„Тие претходно го нарушиле јавниот ред и мир со пукање во воздух од пиштол ‘радом’ во калибар од 9 милиметри, сопственост на М. П.“, велат од СВР Охрид.
Пиштолот е одземен и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Нападната и ограбена охриѓанка, со тешки повреди пренесена во болница
Вчера во 10.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Марко Несторовски“ во Охрид, едно лице физички ја нападнало 53-годишната О.Т. од Охрид и ѝ одзел пари, извести СВР Охрид.
„Притоа, таа се здобила со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид“, велат од СВР Охрид.
За настанот, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.