Црна хроника
Кривична пријава за синот на познат бизнисмен и за синот на лидерот на СДСМ
Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против осум лица кои учествуваа во тепачката што се случи во неделата вечерта во дискотеката „Мистик“ во Штип.
Кривична пријава за насилство е поднесена против синот на газдата на фабриката „Брилијант“ и против 23-годишниот Љупчо Црвенковски, синот на лидерот на опозициската СДСМ, Бранко Црвенковски, кој е третопријавен, и уште пет други лица од Штип.
Според МВР, во неделата околу 3 часот по полноќ во дискотеката „Мистик“, синот на газдата на „Брилијант“ без причина го нападнал 22-годишниот штипјанец и го удирал со клоци и тупаници. Другар на нападнатото момче го повлекло за да го заштити, но останатите момчиња кои биле со напаѓачот почнале да фрлаат кон нападнатото момче и неговите тројца другари со стаклени предмети, чаши и шишиња.
Нападнатите штипјани се сокриле зад бетонскиот столб во дискотеката, додека по нив се фрлало со чаши и шишиња. Фрлањата запреле кога дел од стаклата на шишињата и чашите се одбиле од столбот и бил повреден еден од напаѓачите.
Нападнатите штипјани ја напуштиле дискотеката, а кај момчето бил констатиран оток на усната и расекотина на десната рака.
Прекршочна пријава ќе биде поднесена и против сопствениците на дискотеката, бидејќи не го пријавиле случајот во полицијата.
Суспендиран ќе биде и сменоводителот кој настанот го евидентирал во билтенот како тепачка, иако полицаецот кој го правел записникот го напишал како физички напад.
Дисциплинската одговорност е лоцирана и кај командирот бидејќи по дознавањето за направените пропусти во работењето на сменоводителот, требало да го изземе од случајот и против него да преземе мерки за одговорност.
„Наместо тоа, командирот повторно го задолжил да го расветлува настанот. Тројцата униформирани полициски службеници, иако биле на лице место, не ги презеле сите потребни службени дејствија и не изготвиле службен материјал. Со тоа постапиле спротивно на правилата и прописите во МВР и против истите на предлог на СВКПС ќе биде поведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност пред дисциплинската комисија“ соопштуваат од МВР./крај/фф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.