Црна хроника
По трет пат пресуда за случајот Тајвански кредити
Судот во петок по третпат ќе ја соопшти пресудата за случајот „Тајвански кредити”, во којшто му се суди на поранешниот лидер на партијата Демократска алтернатива и поранешен директор на Агенцијата за обнова и развој, Васил Тупурковски и тогашниот заменик на Агенцијата Јован Андонов-Реган.
Во среда стартуваше повторениот судски процес, но обвинетите останаа на дадените искази, нема да предлагаат нови докази и остануваат на завршните зборови, па судијката за во петок го закажа соопштувањето на пресудата.
Двајцата обвинети се товарат за злоупотреба на службената положба и дека со одобрување на средства од тајвански кредити ја оштетиле државата за 172. 304.092 денари.
Апелациониот суд најпрвин ја укина пресудата на Основниот суд Скопје 1 со која Тупурковски беше осуден на три години затвор и надомест на штета, а неговиот заменик на две години затвор.
Откако предметот беше вратен на повторно судење, обвинетите добија ослободителна пресуда, па Обвинителството поднесе жалба на оваа пресуда.
Апелациониот суд на второто одлучување, повторно го врати случајот во Основниот суд Скопје 1, со образложение дека пресудата била нејасна и неразбирлива. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Тетовец агресивно се однесувал со полицаец што вршел обезбедување на претседателските избори
Вчера, во 18.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ. Ј. (37) од Тетово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник што вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори.
По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.