Црна хроника
Анонимен повик за поставена бомба на скопскиот и охридскиот аеродром
Анонимна дојава за поставена бомба на скопскиот и охридскиот аеродром пристигнала во сабота попладне на аеродромот „Александар Велики”.
Дојавата стигнала преку нерегистриран странски телефон околу 14 часот, кога машки глас рекол „ Бомба Аеродром Скопје, бомба Аеродром Охрид, алерт алерт”, по што врската била прекината.
Единицата за Антитероризам е на терен и се превземаат мерки за расчистување на пријавата. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.