Црна хроника
Се утврдуваат причините за сообраќајката во која загина новинарот Младенов
Сé уште се утврдуваат причините за сообраќјната несреќа во којашто загина сопственикот и уредник на неделникот и дневниот весник Фокус, Никола Младенов.
Од Основниот суд Скопје 1, каде што се води истрагата за Макфакс велат дека во тек е постапка за вештачење на возилото, којашто може да потрае. Од таму нагласуваат дека кога ќе бидат познати точните причини за сообраќјката ќе излезат со официјално соопштение за јавноста.
Младенов загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи во средата наутро на патот Велес-Скопје, на клучката кај Хиподром. Потрагата по телото на Младенов започнала во 9.30 часот откако неговата сопруга пријавила дека го нема.
Автомобилот „мерцедес“ беше извлечен дури синоќа околу 20 часот, а телото на Младенов беше предадено во судска медицина за обдукција.
Според првичните информации, автомобилот ја пробил банкината на патот и излетал во ендек, но сe уште не се познати точните причини за сообраќајката./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.