Црна хроника
Беџети не открива до каде е екстрадицијата на Демири и на Исмаиловиќ
Постапката за екстрадиција на Алил Демири и на Африм Исмаиловиќ, првообвинети во случајот „Монструм”,од Косово, е во тек рече во петок министерот за правда Блерим Беџети.
Министерот не појасни кога тие би можеле да бидат доведени во Македонија за да одговараат за петкратното убиство кај Смилковското езеро.
„Во име на Министерството за правда веќе се имаме изјаснето за екстрадицијата. Постапката тече како и за сите други екстрадиции и комуникацијата меѓу македонското и косовското министерство за правда е одлична. Се тече по редовна постапка”, рече Беџети, одговарајќи на новинарско прашање на конференцијата за Проектот за македонската судска пракса.
Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, беа во бегство 11 месеци, по што беа уапсени на 3 март во Приштина.
Судскиот процес за петкратното убиство, во отсуство на двајцата првоосомничени, почна на 20 декември 2012 година, а на обвинителната клупа седнаа Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Рами Сејди и Хаки Азири.
На 12. април лани, кај Смилковското езеро, без причина беа убиени тинејџерите Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефковски./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.