Црна хроника
Двочлена банда од Скопје заврши со пријава за 30 кражби
Двајца скопјани од 10-ти јуни минатата година до 27-ми јануари годинава извршиле вкупно 30 кражби од кои 16 полицијата ги квалификува како „тешки кражби” а 14 како „тешки кражби во обид”, со кои украле предмети и пари во вкупна вредност од околу 1,5 милион денари.
Скопската полиција поднесе кривична пријава пред Основното јавно обвинителство Скопје против 29-годишниот О.Б. и 44-годишниот Н.З. кои серијата од вкупно 16 тешки кражби ги извршиле, по четири на подрачјата на скопските општини Гази Баба, Центар, Аеродром, две на територијата на општина Карпош и по едно во општините Ѓорче Петров и Кисела Вода, како и 14 тешки кражби во обид од кои пет во Центар, три во Карпош, две на подрачјето на Бит пазар, и по едно во е Гази Баба, Ѓорче Петров, Аеродром и Чаир.
Двајцата пријавени претходно разработувале план, и тоа во 24 случаи провалите и кражбите ги извршиле со кршење на цилиндарот од цилиндричната брава при што го ваделе надворешниот дел, а потоа со погоден предмет делувале во бравата и ја отклучувале вратата. Потоа влегувале внатре, вршеле претурање и пребарување по мебелот по што го напуштале лице местото. Во другите шест случаи кражбите за кои се обвинети се извршени со кршење на прозорци од балконски врати.
За извршените кривични дела од страна на Единицата за истрага на местото на настанот и вештачења при СВР Скопје излезено е на лице место и извршен е увид и тоа во 21 случај, од кои во пет случаи на лице место пронајдени се и подигнати траги од отпечатоци од ткн папиларни линии, а во останатите девет случаи земен е Записник за примање на пријава.
Од страна на Одделот за Криминалистичка техника при МВР на РМ извршена е споредбена анализа на пронајдените траги од папиларни линии при што со сигурност е утврдено дека истите потекнуваат од пријавениот О.Б..
Со наредба од истражен судија извршен е претрес во домот и други простории во куќа на ул. „Локов” сопственост на З.Б.М. каде што под кирија живеел О.Б. заедно и со второпријавениот. При извршениот претрес во присуство на сопругата на О.Б., М.Б. која била носител на договорот за киријата, во куќата се пронајдени поголем број разни предмети, и тоа: дигитална вага, мобилни телефони, лаптоп компјутери, дигитални фотоапарати, парфеми, камера, рачни часовници, женски чанти, патни торби, паричници, сим картички, накит, алати за извршување на кривични дела, УСБ приклучоци, ДВД со звучници, три куршума, ќесе со тревкаста материја, шприцеви, метадон и друго за кои постои основано сомнение дека потекнуваат од кривични дела. Одземените предмети: дигитална вага, целофанска кеса со непозната тревкаста материја, шприц со непозната течност, три куршума и две шишиња хептанон со Записник за предавање на предмети предадени се на полициски службеници од Единица за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје заедно со оригиналната потврда за привремено одземени предмети.
Во седум случаи било извршено препознавање на горенаведените предмети и кои се вратени на оштетените, а по претходно изготвен фотоалбум за препознавање по фотографии, во два случаи извршено е препознавање по фотографии./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.