Црна хроника
Стружанец пренесувал хероин за Виена облепен на стомакот
Стружанец се обидел да пренесе три килограма хероин чијашто цена се проценува на околу 200 илјади евра од Струга за Виена, облепен на стомакот, соопшти во средата македонското министерство за внатрешни работи.
Во вторникот вечерта на граничниот премин Табановце, на излез од Македонија бил запрен автобус кој сообраќал на линија Струга преку Скопје до Виена.
Полицајците со куче „душкало“ откриле пет пакувања со правоаголна форма облепени со селотејп трака, коишто 40-годишен стружанец ги залепил околу стомакот.
За транспортот на дрогата требало да добие две илјади евра, околу 500 евра му биле исплатени како аванс, а останатите пари требало да ги добие во Виена од непознато лице кое требало да ја преземе дрогата.
Високо квалитетниот хероин на нарко пазарот при продажба на мало достигнува цена од 200 илјади евра. Против стружанецот е поднесена кривична пријава и треба да биде изведен пред истражен судија.
Полицијата утврдува дали во транспортот се инволвирани и други лица./крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.