Црна хроника
Апелација ги потврди пресудите за Пајажина
Апелациониот суд ги потврди пресудите за случајот Пајажина во којшто е обвинет поранешниот сопственик на А1 телевизија, Велија Рамковски и одлуката ја испратиле до Кривичниот суд.
Пресудите стануваа правосилни со што Рамковски треба да помине во затвор 13 години, додека другите обвинети од две до седум години.
Сега одбраната може да поднесе жалби до Врховниот суд или до Судот во Стразбур. Во судскиот процес „Пајажина” беа обвинети 23 управители и основачи на фирми со адреси на скопската улица „Перо Наков” за затајување на данок, перење на пари, злосторничко здружување и измама на доверители.
Кон крајот на јули минатата година телевизијата престана да зрачи во етерот откако Агенцијата за електронски комуникации ја одзеде дозволата за работа поради стечај. Се очекува одлуката на Апелација./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Двајца уапсени, пукале пред кафеана во Охрид
Денеска во 00.15 часот пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа 67-годишниот К.Б. и 37-годишниот М.П., двајцата од Охрид, извести СВР Охрид.
„Тие, претходно го нарушиле јавниот ред и мир со пукање во воздух од пиштол „Радом“ калибар 9 милиметри, сопственост на М.П.“, велат од СВР Охрид.
Пиштолот е одземен и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Нападната и ограбена охриѓанка, со тешки повреди пренесена во болница
Вчера во 10.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Марко Несторовски“ во Охрид, едно лице физички ја нападнало 53-годишната О.Т. од Охрид и ѝ одзел пари, извести СВР Охрид.
„Притоа, таа се здобила со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид“, велат од СВР Охрид.
За настанот, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Три лица пријавиле во полициските станици во Скопје дека биле каснати од куче скитник во текот на вчерашниот ден, извести МВР.
На 28.03.2024 во 18.45 часот во Полициската станица Аеродром, Л.Ј.(64) од Скопје пријавила дека на пешачка патека во населбата Ново Лисиче во Скопје била касната од куче скитник.
На 28.03.2024 во 12.40 часот во Полициската станица Карпош, М.Ч.(34) од с.Катланово, скопско, пријавила дека на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 28.03.2024 во 17.00 часот во Полициската станица Гази Баба, А.Д.(21) од Скопје пријавил дека на ул.„Финска“ во Скопје бил каснат од куче скитник.