Црна хроника
Македонци дел од мрежа на криумчарење луѓе од Косово во ЕУ
Криминална група која се занимавала со криумчарење на лица од Косово во Европската унија, а чии членови биле од неколку балкански држави, вклучително и од Македонија, разбиена е во вторникот, соопшти словенечката полиција.
Како што е соопштено во Марибор, во акцијата за разбивање на криминалната мрежа учествувале словенечката криминална полиција, босанско-херцеговската гранична полиција и припадниците на Еулекс.Припадниците на криминалната мрежа биле државјани на Словенија, Босна и Херцеговина, Косово и Македонија.Словенечката полиција обвини 24 лица, а босанската гранична полиција 22 луѓе. Сите се осомничени дека сториле најмалку 15 кривични дела на илегално преминување на граница во периодот од декември 2012 до април 2013, пренесе агенцијата STA.„Криминалната мрежа успеала во наведениот периодот илегално во ЕУ да прокриумчари најмалку 80 лица и од тоа да заработи барем 168 илјади евра, имајќи предвид дека наплатувале по 2.100 евра по лице за транспорт“, изјави шефот на мариборската криминална полиција, Роберт Мунда.Криминалната група ја формирале и со неа раководеле еден Словенец и еден жител на Косово., соопшти словенечката полиција./крај/мф/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.