Црна хроника
Тринаесет кгр марихуана откриени во џип на Табановце
Мобилна царинска екипа спречи нов обид за криумчарење, откако во средата навечер на граничниот премин Табановце, се откриени 13 килограми марихуана во џип „тојота рав 4″ чиј возач, како и сопатник, исто така, албански државјанин се приведени.
Цената на западноевропскиот пазар, за каде била наменета запленетата марихуана се проценува на 30 илјади евра, додека во малопродажба може да достигне и до 60 илјади евра.
Мобилната царинска екипа која во тој момент вршела контрола на граничниот премин го селектирала возилото за преглед, а по дадени индикации од царински пес, било пристапено кон детална контрола.
При извршената контрола пронајдени се вкупно 27 паковки облепени со леплива трака, распоредени во различни делови на возилото (во резервната гума која се наоѓа од надворешната страна на петтата врата, под држачот на резервната гума, во задната лева и десна врата под тапацирот, на петтата врата под тапацирот и во внатрешниот дел на багажниот простор). Вкупната тежина на пронајдените 27 паковки марихуана, изнесува околу 13 килограми.
Осомничените и дрогата се предадени на инспектори од Одделението за истраги заради превземање понатамошни дејствија.
Од спроведената предистражна постапка, утврдено е дека осомничените имале намера да ја превезат марихуаната од Албанија до Будимпешта, Унгарија, каде што едниот од нив требало да се сретне со својата поранешна девојка. Осомничените меѓусебно не се познавале. Нив ги запознало лице кое е организатор на целокупниот транспорт, исто така албански државјанин на денот на тргнувањето. За транспортот на дрогата, ден пред тргнувањето било изнајмено рент-а-кар возило во кое подоцна била сместена марихуаната.
Осомничените планирале преку Косово и Србија да стасаат до Унгарија, но бидејќи на косовско-српската граница не им бил дозволен влез во Србија, по добиени напатствија од косовски граничен полицаец, го продолжиле патувањето преку Македонија.
Од почетокот на годината, во 14 обиди, Царинската управа спречи пренос на околу 530 килограми опојни дроги и наркотици.
Против сторителите, Царинската управа ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” до надлежното Јавно обвинителство, а сторителите ќе биде изведени пред надлежен истражен судија./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.