Црна хроника
Почина српскиот масовен убиец на 13 луѓе
Масовниот убиец од српското село Велика Иванча во областа Шумадија, Љубиша Богдановиќ, кој во вторникот во мугрите од пиштол уби 13 луѓе, починал во четвртокот околу 14 часот, потврдија од Ургентниот центар во главниот град Белград.
Шеесетгодишниот Љубиша Богдановиќ по масакрот што го изврши се застрела во главата и минатите два дена беше во кома, а неговата состојба откако беше примен во белградскиот Ургентен центар, беше критично.
Поради тежините лекарите мораа да го оперираат, па беше приклучен на паратии примал само медикаменти.
Во Велика Иванча кај Младеновац, шеесетина километри јужно од Белград, Богдановиќ утрото на 9-ти април го убил својот син, мајката и уште 11 лица, пет мажи , шест жени и едно двегодишно момченце, а тешко ја ранил својата сопруга по што си пукаше во главата.
Неговата сопруга е оперирана и заздравува, но и натаму е во тешка состојба, и доколку преживее ќе биде единственото лице коешто може да помогне да се дознае нешто повеќе за злосторството коешто е незапаметено на поширокиот балкански простор.
Во Србија поради оваа трагедија средата беше прогласена за ден на жалоста, а 13-те жртви ќе бидат закопани во петок на селските гробишта./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.