Црна хроника
Сопругата на убиецот од Голема Иванча: Беше во паника и страв од сиромаштија
Сопругата на извршителот на масовното убиство во Голема Иванча, Србија кој уби 13 лица и себе, обавила краток разговор со полицијата но се уште ен може да се разоткрие мотивот за злосторот.
„Јаворка Богдановиќ, сопругата на убиецот, не знае што се се случи. Не знае дека нејзиниот сопруг уби 13 луѓе и себе. Знае само дека пукал и во својата мајка Добрила. Поради тоа, инспекторите не се обиделе од неа добијат одговор кој би укажал на мотивот на злосторството“ велат од српската полиција.
Во соработка со психијатар на Јаворка ќе и биде соопштено што точно се случило кобното утро.
„Со неа беше разговарано само за личните односи со нејзиниот сопруг, Љубиша Богдановиќ. Рече дека кон неа бил понекогаш агресивен и некогаш и удирал шамари. Бил во постојана паника од сиромаштија. Затоа од нејзе и од синот, Бранко, кој е убиен, барал постојано да работат. Таа рекла дека некогаш се лутел на синот, кога нема да се разбуди во 5.30 часот за да ја нахрани стоката“ велат од српското МВР.
Јаворка и понатаму е во Ургентниот центар каде се опоравува, откако нејзиниот сопруг пукаше и во нејзе./крај/блиц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.