Црна хроника
Американец се обидел да шверцува стари, вредни монети од Македонија
Царинската управа спречи нов обид за изнесување на 48 стари нумизматички монети кој датираат од 2 век п.н.е до 4 век од н.е., како и монети од поново време, од 17 век од н.е., со различно писмо, големина и ознаки од Македонија.
Американски државјанин кој пристигнал во Македонија во хуманитарна мисија во околните села на градовите Штип и Пробиштип се обидел да ги изнесе вредните монети преку граничниот премин Делчево во Бугарија.
Случајот бил откриен во петокот на граничниот премин Делчево, кога на царинската линија за излез од државата пристигнал автомобил Фолксваген Каравели со бугарски регистарски ознаки, управувано и во сопственост на осомничениот Џ.Б.Х. државјанин на американската држава Минесота.
Поради сомневање во неговата изјава дека нема ништо да пријави за царинска контрола, царинските службеници од царинската испостава Делчево го селектирале за детална контрола.
При личен претрес во предниот десен џеб од тренерките пронајдени се 38 парчиња стари нумизматички монети во различна големина и ознаки и писмо кои биле завиткани во обична бела хартија, во предниот лев џеб од неговите фармерките биле пронајдени уште осум монети во различна големина и различно писмо, а во личен багаж (левиот и десен џеб од патната торба спакувани во пластични зипер кеси) пронајдени се уште 2 монети.
Пронајдените примероци кои претставуваат споменик на културата на Република Македонија кој осомничениот се обидел да ги изнесе во странство без дозвола на надлежен орган.
Инаку, осомничениот има привремено престојувалиште во Софија, Бугарија, а во Македонија пристигнал пред два дена. Се сретнал со штипјанец за кој знаел дека поседува и продава стари монети.
Двајцата се договориле да се сретнат следниот ден на патниот правец Штип-Радовиш кај бензинската станица на „Макпетрол“ каде пријателот му ги донел монетите. Потоа, Американецот со својот автомобил, веднаш се упатил кон македонско-бугарската граница каде имал намера да ги изнесе монетите.
Царинската управа против пријавениот поднесе кривична пријава за „Изнесување односно извезување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости”.
Кривичната пријава, пријавениот и доказниот материјал се предадени на надлежен истражен судија кој по спроведената истражна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.