Црна хроника
Искршен автомобил, еден повреден и пукање во Гостивар
Група насилници нападнале двајца гостиварци, го искршиле автомобилот на еден од нив, а другиот го изгазиле, соопшти МВР.
Двајцата гостиварци, едниот 23-годишен, а другиот 25-годишен, биле нападнати во саботата вечерта околу 1.30 часот кога со автомобилот на еден од нив стигнале пред неговата куќа.
Им се приближиле три возила и кога двајцата излегле од автомобилот, едно од возилата со предниот браник го удрило едниот гостиварец во десната нога.
Тој успеал да се качи на тротоар и се упатил кон куќата на неговиот другар. Во меѓувреме додека другиот гостиварец се приближувал кон неговата куќа, еден од напаѓачите му се приближил и вперил пиштол кон него.
Момчето ја затворило врата од дворот на куќата и го удрил напаѓачот во раката. Тој се повлекол и почнал да пука кон момчето но не го погодил.
Напаѓачите го искршиле автомобилот на момчето со дрвени палки и бекатонски плочки, при што ја искршиле предната и задната шофершајбна, како и предните и задните стакла и избегале.
Повредениот е пренесен во болница, а на лице место е извршен увид од каде е подигната една чаура. Полицијата трага по напаѓачите./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.