Црна хроника
Фатени насилниците кои грабнаа и малтретираа скопјанка
Полицијата ги фати петмината насилници кои во саботата наутро грабнаа скопјанка и ја малтретирале за да потпише изјава дека наводно должела 680.000 денари.
Утрото околу 5.30 часот насилниците заѕвониле на вратата на станот каде што живеела жената. Вратата ја отворил брат и, а петмината грабнувачи насилно влегле во станот и ја грабнале скопјанката која била по пижами.
Со автомобил ја однеле во близина на гробиштата во населба Ченто. Цело време во автомобилот ја тепале, а продолжиле да ја малтретираат психички и физички кога ја однеле во Ченто.
Жената по долготрајното малтретирање се согласила да ја потпише изјавата и ја однеле во Драчево. Таму го зеле таткото на еден од насилниците и заедно заминала повторно во станот на жената за да се пресоблече.
Планирале да одат на нотар да ја заверат изјавата, но додека чекале да отвори нотарската канцеларија, алфите ги уапсиле.
Против нив е поднесена кривична пријава и одреден им е 30 дневен притвор. Жената се наоѓа во ургентниот центар во одделот за Трауматологија./крај/мвр/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.