Црна хроника
Богоевски и адвокатите осомничени дека испрале над милион евра
Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Слободан Богоевски, двајца адвокати од Скопје, двајца управители на фирми и еден Словенец се осомничените за малверзации со градежното земјиште кај Спортскиот центар Борис Трајковски, соопшти во четвртокот Министерството за внатрешни работи.
Се товарат дека испрале повеќе од милион евра. Во полициската акција Агент четворица од нив се приведени, а по Словенецот и уште еден управител на фирма, полицијата сé уште трага.
Во 2000 година кипарската фирма „Централ балкан инвестмент ЦБИ“ склучила договор со тогашното Министерство за урбанизам, сегашно Министерство за транспорт и врски и купува 19 илјади метри квадратни во близина на Спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.
Полномошник на кипарската фирма бил адвокатот Васко Томановиќ. Но, кипарската фирма до 2009 година, не изградила, односно не инвестирала ништо, па Министерството за транспорт и врски на 3-ти март 2009 година го раскинува договорот со кипарската фирма.
Три месеца пред раскинувањето на договорот меѓу кипарската фирма и државава, Томановиќ формира фирма во Скопје со идентичко име како кипарската „Централ Балкан Инвестмент ЦБИ“ ДООЕЛ Скопје.
За земјиштето кај спортскиот ценатар што го носи името на трагично починатиот македонски претседател Борис Трајковски, заинтересирана била „Меркатор Словенија“ чии претставници потоа го купуваат земјиштето. Словенците формираат фирма во Македонија која требало да го менаџира сопствеништвото за купување на земјиштето.
Словенечкиот државјанин Митја Валиќ, кој управувал со словенечката фирма во Скопје, побарал од „Меркатор Словенија“ да му префрлат уште милион евра на сметка на фирмата, наводно за посредување при раскинување на договорот со кипарската фирма, којшто веќе бил раскинат.
Но тие пари не легнуваат на сметка на кипарската фирма, туку легнуваат на сметката на фирмата на адвокатот со исто име како кипарската.
За да ги „исчистат“ парите, фирмата на Тамоновиќ склучува договор со фирмата на адвокатот Владо Пешликовски и со Слободан Богоевски за наводно посредување за раскинување на веќе раскинат договор.
Поранешниот прв контратразузнавач Богоевски во случајот се јавува како приватно лице, консултант за наводно посредништво за раскинување на договорот со кипарската фирма.
„Врз основа на вака склучените договори, на лична сметка на физичкото лице во двата наврата во јули 2009 година од фирмата на првоосомничениот му се префрлени вкупно 28.670.000,00 денари, од кои пријавениот 17.500.000,00 денари ги подига во готово, а 2.860.000,00 денари повторно ги враќа на сметката на скопската фирма, додека 8.000.000,00 денари остануваат на неговата лична сметка“, велат од МВР.
Против сите шестмина е поднесена кривична пријава за „перење пари и други приноси од казниво дело“, „фалсисификување исправа“, „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.