Црна хроника
Му украле 6.000 евра од амбар
Жител на селото Митрашинци, беровско бил ограбен, при што му се одземени 6.00 евра, рачен часовник и осум штедни девизни книшки, соопшти полицијата.Жител на селото Митрашинци, беровско бил ограбен, при што му се одземени 6.00 евра, рачен часовник и осум штедни девизни книшки, соопшти полицијата.
Имено, Г. К.(75) од село Митрашинци, беровско, пријавил дека од помошна просторија, амбар за жито, лоцирана во близина на неговата колиба во која живее на местото викано Раденковица, од метална кутија која била во метално буре полно со пченка, непознат сторител одзел 6.000 евра во разни апоени, еден рачен часовник и осум штедни-девизни книшки.
По извршените оперативни проверки и поради постоење на сомнение дека е можен сторител, полицијата извршила претрес во автомобил и во домот и помошните простории на В. П. (34) во село Владимирово, каде се пронајдени и со потврда одземени 1.450 евра.
Во разговор со В.П и со неговата мајка С.П. (53) , истите во целост го признале делото и го опишале начинот на извршување.
Увид на лице место извршила екипа од ПС-Берово и по целосно расчистување и документирање на случајот против истите ќе бидат поднесени соодветни пријави./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.