Црна хроника
Заскитани куршуми завршиле во три возила и во кров на куќа
Заскитани куршуми оштетиле три автомобили и куќа во Скопје, соопшти МВР.
Оштетени се два автомобили во населбата Ченто и еден автомобил во Центар. Во неделата од 15 до 15.45 часот на улица Финска од заскитан куршум оштетен е автомобил шевролет круз со бугарски регистерски таблици сопственост на бугарска фирма.
Куршум оштетил и автомобил шевролет матиз паркирано во двор од куќа во Ченто, ноќта во саботата спроти неделата.
Истата вечер заскитан куршум завршил и во автомобил хјундаи паркиран на улица Јордан Хаџи Константинов Џинот во Центар.
Во неделата попладне непознат сторител пукал со оружје при што еден проектил завршил во кровот на куќа во Ченто.
Полицијата ги бара пукачите и работи на расчистување на случаите./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.