Црна хроника
Спречен обид за увоз на фалсификувани дезодоранси и торби
Царинските службеници од граничниот премин Богородица привремено задржаа поголема количина дезодоранси, поради основано сомнение дека повредуваат права на интелектуална сопственост на познати трговски марки.
Во текот на вчерашниот ден во транзитна царинска постапка се пријавил турски камион натоварен со збирна стока, наменета за фирма во Косово, во кој се пронајдени 6.186 дезодоранси со ознаки на дваесетина светски познати брендови.Фактурната вредност на стоката изнесува 148 илјади денари, но доколку би се продавале како оригинал вредноста би достигнала над 60 илјади евра. Претходно на граничниот премин Ќафасан при контрола на патничко моторно возило со скопски регистерски таблички пријавено за влез во државата, управувано од македонски државјанин во кое патувал и албански државјанин, царинските службеници откриле 54 торби со ознаки на познати трговски марки. Вредноста на торбите, доколку би се продавале како оригинал би можела да достигне до 1.500 евра.Стоката е задржана и во двата случаи заради утврдување на нејзината оригиналност, согласно Законот за царински мерки за заштита на правата од интелектуална сопственост. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.