Црна хроника
Ограбени бензинска пумпа во Куманово и казино во Битола
Тројца маскирани и вооружени разбојници ноќеска ја ограбиле бензинската пумпа “Твинс Петрол” во Куманово, при што одзеле околу 50.000 денари и 10 штеки цигари “Малборо”.
Според полицијата, разбојниците влегле во бензиската пумпа со закана со огненото оружје ги одзеле парите и цигарите, по што заминале во правец на кумановското село Черкези.
Во друг случај рано утрово во Битола, во казино “Сити Клуб”, непознат сторител маскиран со маска на главата и вооружен со пиштол и нож, извршил разбојништво над вработен при што одзел околу 170.000 денари.
Разбојништвото сторителот го извршил на тој начин што со сериозна закана со огненото оружје над вработениот, ги одзел парите и го напуштил местото.
И во двата случаја полицијата трага по сторителите. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Тетовец агресивно се однесувал со полицаец што вршел обезбедување на претседателските избори
Вчера, во 18.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ. Ј. (37) од Тетово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник што вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори.
По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.