Црна хроника
Скопјанец обљубувал малолетничка штитеничка на домот „Скопје"
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.И.(20) од Скопје за сторено кривично дело „полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години”.
Имено, на 25/26.04.2013 година, во Скопје на ул. „Шуто Оризари”, во паркот на последната автобуска постојка, пријавениот во неколку наврати извршил обљуба над 13 годишно девојче.
Девојчето е штитеник во ЈЗ за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми „Скопје”./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.