Црна хроника
Притвор од 30 дена за десетмина од приведените во акцијата „Фаланга 2"
Истражниот судија при Основниот суд Скопје I Скопје, постапувајќи по барањето за спроведување истрага со предлог за определување на мерка притвор за спроведување истрага против обвинетите И.Б, Д.М, К.В, Д.Ш, А.К, З.Н, З.Б, Т.И, С.М, Ш.С, К.Б, З.Т, А.К, А.С, Т.Ц и А.П за предметните кривични дела.
По извршениот распит на обвинетите истражниот судија на обвинетите И.Б, Д.М, К.В, А.К, Ш.С, З.Т, А.К, А.С, Т.Ц и А.П им определи мерка притвор во траење од 30 – триесет дена, а на обвинетите З.Н, З.Б, Т.И и С.М по предлог на Јавното обвинителство им определи превентивна мерка да се јавуваат кај надлежен државен орган.
Превентивните мерки ќе траат додека има потреба од истите, а најдолго до правосилно завршување на постапката.
По однос на обвинетите Д.Ш и К.Б во однос на предлогот за определување притвор истражниот судија не се произнесе. Одлуката ќе биде донесена по прибавување на известување од МВР дали истите во овој момент се наоѓаат на територијата на Р.М и дали се достапни за судот.
Основното јавно обвинителство Скопје за гонење на организиран криминал и корупција поднесе барање за спроведување истрага со предлог за определување на мерка притвор И.Б, Д.М, К.В, Д.Ш, А.К, З.Н, З.Б, Т.И, С.М, Ш.С, К.Б, З.Т, А.К, А.С, Т.Ц и А.П, поради постоење на основано сомнение да сториле кривично дело Злосторничко здружување 4, кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување, Тешка кражба и кривично дело Прикривање.
Во полициската акција „Фаланга 2″ разбиена беше криминална група која ископувала предмети со културна и археолошка вредност и ги продавала во Македонија и во странство.
Во групата учествувале и четири службени лица вработени во Управата за заштита на културното наследство, Музејот на Македонија и Музејот во Демир Капија како и полициски службеник од Велес.
Криминалната група ископувала предмети од археолошки локалитети на територијата на Демир Капија, Свети Николе, Кавадарци и Скопје. Во групата има и двајца Срби кои ги купувале вредните археолошки предмети и истите ги препродавале во западноевропските земји.
Во текот на акцијата приведени се 14 од пријавените лица, двајцата Срби не се достапни, а три лица претходно се пријавувани во врска со истата истрага.крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.